Често поставувани прашања

Одговори на најчестите прашања за нарачки, достава, плаќање и нашите производи. Не го најдовте одговорот? Пишете ни на info@imaginarium.mk.

Колку трае доставата?

Во Македонија нарачките пристигнуваат за 1 до 5 работни дена, зависно од локацијата. За меѓународни нарачки рокот е до 30 работни дена. За персонализирани производи изработката може да трае подолго и рокот ќе ви го потврдиме при нарачката.

Колку чини доставата?

Доставата во Македонија чини 160 ден, а за нарачки над 2.000 ден е бесплатна. За меѓународни нарачки доставата чини 1.500 ден, а точниот износ се прикажува при плаќањето.

Како можам да платам?

Можете да платите онлајн со платежна картичка (Visa, Mastercard, Maestro) или во готово при испорака. Фирмите можат да платат и по фактура со банкарски трансфер; таквите нарачки се прават преку е-пошта на info@imaginarium.mk или на телефон +389 78 200 364.

Дали годишните планери се датирани?

Не. Планерите се недатирани, па можете да започнете во кој било месец од годината без изгубени страници. Внатре има преглед на годината, неделни распореди и месечен преглед на буџетот.

Може ли магнетниот планер да се персонализира?

Да. Секој магнетен планер може да се персонализира со име или презиме. Наведете го името во забелешката при нарачката или пишете ни на info@imaginarium.mk.

Што ако производот пристигне оштетен или погрешен?

Пријавете го во рок од 48 часа од приемот на пратката на info@imaginarium.mk, со фотографии и краток опис. Ако рекламацијата е основана, ќе ви го замениме производот или ќе ви ги вратиме парите.

Може ли да откажам нарачка?

Да, сè додека нарачката не е обработена или испратена. Пишете ни на info@imaginarium.mk. Ако веќе сте платиле, парите ќе ви бидат вратени во целост.

Дали испраќате во странство?

Да. Меѓународните нарачки пристигнуваат за најмногу 30 работни дена, зависно од државата и царинските постапки.

Дали правите нарачки за фирми?

Да. За новогодишни и корпоративни подароци за вработени, клиенти и партнери подготвуваме понуда според количината и буџетот. Повеќе на страницата Корпоративни подароци, или пишете ни на info@imaginarium.mk.

Како да ве контактирам?

На info@imaginarium.mk, на телефон +389 78 200 364 или преку формуларот на страницата Контакт. Седиштето ни е на ул. Деко Ковачев бр. 120, Гевгелија.