• Најголема игротека во Македонија
    на неверојатни 780 м2!

Единствена игротека целосно изведена по шведски дизајн со супериорна опрема за игра!


jato1_03
Возбудливо

Возбудливи патувања низ импровизирана џунгла, справување со препреки, лизгање низ затворените тобогани со и без свијоци, совладување на сите вештини на саканиот Тарзан… сето тоа на едно место, во идеални услови.

ПОВЕЌЕ
ИМАГИНАРИУМ е вистински креативен и забавен рај за Вашите деца. Во простор на површина од 805м2 поставена е шведска детска опрема која ги задоволува највисоките стандарди за безбедност, рекреација и развој на детската фантазија.

jato2_03
Безбедно

Ова е единствената игротека во Македонија која е опремена со сертифицирана шведска детска опрема по највисоките стандарди за безбедност, рекреација и развој на детската фантазија.

ПОВЕЌЕ
Сите елементи се со комплетно тапацирани делови кои гарантираат безбедна детска игра. Шведскиот произведувач е познат по своите високи критериуми за развој на детската моторика и креативност, во вонредно безбедни услови. Согласно правилата, опремата се контролира во строго определени интервали.
Игротеката е опремена со супериорен климатизационо-вентилационен систем со јонизатори кои одржуваат идеална температура и квалитет на воздухот. Затоа, ИМАГИНАРИУМ никогаш нема да биде претопол ниту студен и никогаш нема да имате чувство на загушливост. Одличната вентилација го штити здравјето на нашите посетители.
jato3_03
Професионално

Ништо не препуштивме на случајот. Секој дел од игротеката го осмислил и води професионалец: опремата, негувател(к)ите, хигиената, безбедноста.
Храната ја обезбедуваат потврдени снабдувачи, вработените се под постојан надзор и обука, а хигиената е стандардизирана и постојано се контролира.

jato4_03
Едукативно

Игротеката е замислена и проектирана да го помогне физичкиот и психичкиот развој на секое дете. Бројни релевантни анализи покажуваат дека физичките активности кои ги стимулира игротеката (скокање, балансирање, справување со препреки, вртење) влијаат не само на правилен развој на детската моторика, туку и на нивниот психички развој, интелигенција и креативност.

ПОВЕЌЕ
ИМАГИНАРИУМ организира и специјални групни активности за развој на детската креативност и способности: часови за боење, цртање, вајање, пеење и свирење инструменти, изработка на колажи, драмска секција и слично. За повеќе информации, погледнете го делот Активности.

 

Во ИМАГИНАРИУМ работат извонредни и креативни негувател(к)и чија цел е да го направат престојот на Вашето дете пријатен, корисен и забавен. Доколку имате некакви посебни сугестии или барања, Ве молиме да ги контактирате негувател(к)ите или рецепционерот.

jato5_03
Квалитетно

Цело е ако има се – беше нашето мото! Најдобра детска опрема, супериорна вентилација, врвна услуга, квалитетна храна и пијалоци, екстра родендени. Квалитетот е без конкуренција!

Зошто сме поразлични?


Овде е супер

Никогаш не е претопло ниту студено;

Овде е прекрасно

никогаш не е загушливо ниту има провев;

Овде е забавно

секогаш е чисто и безбедно;

Овде сите се среќни

секогаш е весело и забавно;

Многу причини за да не посетите?

Што ќе издвоиме:

  • сите имаат заедничка цел:
  • да Ви понудат корисна забава за Вашето дете и пријатни
  • релаксирачки мигови за Вас.

Еве што кажуваат оние кои не посетиле

Одлична игортека…


Би сакала повторно да прославувам тука.Милена

Овде си поминав супер …


Супер си поминав, многу е чисто и услугата е професионалана.Виктор

Огромен простор за сите…


Мислев дека просторот е мал, но ова е неверојатано…Кристина